15 Април - 21 Април
Работа

На работното место ве очекуваат проблеми. Конфликт кој веќе долго време стои меѓу вас и вашиот претпоставен ќе дојде до својата кулминација. Наспроти тоа ќе добиете пофалби од луѓето кои умеат да го ценат вашето залагање и лојалност. Карактеристично за неделава е тоа што ви се одлично аспектирани комуникациите, па поради тоа ќе чуствувате и помала напнатост. И понатаму мора да се чувате од расправии, во работите поврзани со пари и понатаму ве пратат потешкотии, па би било добро да ги избегнувате сите активности поврзани со поголеми суми. Ако работите со странство бидете посебно внимателни да не доживеете загуби.

Љубов

Едноставно неделава ќе сакате да се општите. Ќе бидете мошне задоволни од околината, пријателите и семејството, бидејќи ќе бидат многу љубезни со вас. Повеќе време ќе бидете со вашиот партнер, а тоа многу ќе ви годи. Подгответе се за љубовниот бран кој ќе ве зафати и прифатете ги идеите од вашиот партнер.

Здравје

Чуствително, но нема потреба од многу грижа. Опуштете се.